Со положување свежо цвеќе одбележани 71 година од смртта на борците од НОБ Раде Кратовче и Љупчо Сантов.

614934.jpg

По повод одбележувањето на 71 година од смртта на борците од народноослободителната борба, Љупчо Сантов и Раде Кратовче  вчера делегација на општината и сојузот на здружението на борците од НОБ положија свежо цвеќе пред бистите на двајцата херои во СОУ,, Љупчо Сантов” и ОУ ,,Раде Кратовче “ како и во паркот на револуцијата. По повод чествувањето на животниот пат и ... Повеќе »

ФК Осогово и ФК Слога 1934 со новите победи од 15 то коло

hqdefault

Фудбалерите на „Осогово“ во првиот пролетен натпревар пред своите гледачи со жестока борба ја совладаа екипата на „Карбинци“ со резултат од 5 : 0 Во првите шеесетина минути „жетварите“ одиграа натпревар без амбиции, со неповрзан и акции и една единствена полу прилика за постигнување на погодок. Но во второто полувреме дојде до смена на ситуацијата .Гостите до водството на „Осогово“ ... Повеќе »

Во Кочани одбележан светскиот ден на водата

615152

Под мотото ,,Вода за живот” денеска во Кочани се одбележа светскиот ден на водата. Акцијата е дел од проектот за управување со речниот слив на Брегалница,  а има  цел да ја  подобри состојбата со скапоцените водни ресурси во Брегалничкиот регион. Во проектот се опфатени 15 општини. Акцијата започна уште во четвртокот а нејзината задача е детална анализа  на водата за ... Повеќе »

Успешна реализација на проектот ,,Здравје за сите “ во општина Виница

vinica_01

Околу 280 жители на Виница во изминативе три дена имаа можност да го проверат здравствениот барометар, т.е да ги исконтролираат основните параметри како репер за здравствениот статус. Тим од Здравствен дом Виница предводен од директорот д-р Мартин Павлов и лекарот Оливера Санева, вршеше мерење на нивото на холестеролот и шеќерот во крвта, телесната тежина и притисокот.   Д-р Мартин Павлов ... Повеќе »

11 ГОЛА НА ЖФК КОЧАНИ ПРОТИВ РЕЧИЦА, И 14 НА МЛАДОСТ ИДНИНА С ПРОТИВ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ Е ИСХОДОТ ОД САБОТНИТЕ НАТПРЕВАРИ

zfk

Со резервен тим и со 50 % од можностите во саботата Кочани ја прегази младата екипа на Речица со 11: 0 и на тој начин го продолжи победоносниот од во Првата фудбалска лига за жени на Македонија. Кочанчанки можеа да постигнат и двојно повеќе голови, но мудро тактизираа и со играта и со резултатот, чувајќи се за дербито на првенството ... Повеќе »

ДЕНЕСКА ОПШТИНА КОЧАНИ ГО ИЗВРШИ ЖДРЕБУВАЊЕТО НА РЕДОСЛЕДОТ ЗА ИСТАКНУВАЊЕ НА РЕКЛАМНИ ПЛАКАТИ НА ПАРТИИТЕ

opstina kocani1

Во присуство на претставници на партиите и коалициите за претстојните претседателски избори, денеска во зградата на Локалната самоуправа беше извршено ждребување на редоследот за истакнување рекламни плакати на определените места од страна на организаторите на изборна кампања кои учествуваат на претседателските избори 2014 година. Среќата при извлекувањето на броевите ја имаше ВМРО-ДПМНЕ, која го доби бројот еден, а по неа ... Повеќе »

Бројот на заболени од Хив – Сида бележи драматичен раст

Opsta-Bolnica-2

Кога пошироката јавност ќе подзаборави на една од најголемите здравствени закани за човештвото Хив/Сидата, најновите статистички податоци по правило го палат алармот за опасностите. Загрижувачки одекнаа бројките според кои во 2013 година биле регистрирани нови 24 заболени од Хив/Сида, но уште позагрижувачки се последните податоци кои се однесуваат на 2014 година во која за само 2,5 месеци се откриени нови ... Повеќе »