Образование

Започна новата учебна година во Општина Кочани

Sequence 01.Still003

Учениците денеска се враќаат во училиштните клупи. Речиси 4 500 ученици во основните и средните училишта во Кочани ја започнаа новата учебна година. Едни продолжија во повисоко одделение или клас, додека другите за првпат се запознаа со училишната институција. Првачињата ги исполнија дворовите и салите на основните училишта, кои им приредија пригодни програми за пречек. Првиот прием на првооделенците се ... Повеќе »

На свечена пригода пуштено реновираното училиште во село Горни Подлог

Sequence 01.Still004

Донацијата од Јапонската влада, вредна над 70 000 евра овозможи целосно да се реновира Подрачното училиште во Горни Подлог, кое работи во состав на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани. По тој повод денеска на пригодна свеченост, во присуство на советникот на Јапонската амбасада во Виена, Тацуро Хaјаши, на претставници на Општина Кочани и на образовните институции, со сечење ... Повеќе »

Нови директори во СОУ “Љупчо Сантов”,ООУ “Никола Карев”, и Библотека “Искра”

za web

По неколкумесечните шпекулации во јавноста,деновиве конечно е сменет директорот на популарната Гимназија “Љупчо Сантов”,Лазар Димитриев. На негово место, за вршител на должноста директор, деновиве е назначен М-Р Доне Донев. Ова кадровско решение на локалната власт предизвика различни реакции во јавноста, особено во образовните институции, пред се поради одсуството на официјално образложение за смената. И во ООУ Никола Карев подолг период ... Повеќе »

Намален бројот на новозапишани средношколци

Sequence 01.Still001

Уписите за новата учебна година им донесоа многу главоболки на средните училишта, бидејќи планирањата ги исполнија само половично. Во СОУ Гошо Викентиев во првиот и вториот уписен рок се запишани само … завршени основци. Во „Љупчо Сантов“ ситуацијата е нешто подобра. Иако и двете средни училишта во последните години направија многу за сопствена афирмација, за што потврда се бројните признанија ... Повеќе »

Одржан Државниот натпревар “Млади библиотекари”

Sequence 01.Still002

Јавната општинска установа Библиотека Искра од Кочани денеска беше домаќин на 16-тиот Државен натпревар “Млади библиотекари”, во организација на библиотекарското друштво на Македонија. На натпреварот учествуваа 23 натпреварувачи победници на општинските натпревари. Во мошне силна конкуранција првото место го освои Стефан Митиќ од ОУ Димо Хаџи Димов од Скопје, второто место му припадна на ученикот Игор Стојков од ОУ Тодор ... Повеќе »

Просветни инспектори во ОУ Раде Кратовче

Sequence 02.Still002

Од страна на тројца просветни инспектори изминатата недела е извршена контрола на работењето на наставниот кадар и хигиената во ОУ Раде Кратовче. При посетата инспекторите ги оствариле потребните контроли со што ги утврдиле недостатоците во ова основно училиште. Најголема забелешка на инспекторите е недостигот на училишна спортска сала. Од  ОУ Раде Кратовче се задоволни со првичната оценка од страна на ... Повеќе »