Вести

Реализирана една од најуспешните наводнителни сезони

Sequence 01.Still001

Деновиве заврши овогодишната наводнителната сезона Хидромелиоративниот систем Брегалница, со кој стопанисува истоименото Водостопанско претпријатие. Ако се земе во предвид дека вкупните резерви на почетокот на мај изнесуваа околу 115 милиони кубици вода а сега се преостанати нешто повеќе од 40тина милиони, се добива податок дека се потрошени над 75 милиони кубици вода од Акумулацијата Брегалница. Меѓутоа, количините се значително поголеми ... Повеќе »

Ново комунално возило за КЈП „Водовод“ – донација од Владата на Швајцарија

DSC_0301 (Copy)

Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ го прими новото возило, „канал-џет“, донација во рамките на Проектот за третман на отпадните води – Кочани, кој е финансиран од Владата на Швајцарската Конфедерација, Министерството за животна средина и просторно планирање на Р Македонија и Општина Кочани.   Возилото е специјализирано за чистење на канализациската мрежа и со неговата набавка се олеснува нејзиното одржување и ... Повеќе »

Отворен Туристичкиот инфоцентар „Пониква“ на Осоговските Планини

DSC_0003 (Copy)

На надморска височина на околу 1600 м, на Осоговските Планини, со проект на Центарот за развој на Источниот плански регион поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зачувување на природата е изграден Туристичкиот инфоцентар „Пониква“.   На промоцијата на Инфоцентарот „Пониква“, во присуство на заменик-амбасадорот на Швајцарија Стефане Томажиан, амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар и ... Повеќе »

Прием на градоначалникот на делегации од збратимените општини

Sequence 01.Still001

Првата вечер од тродневната манифестација „Денови на Кочанскиот ориз“, градоначалникот Николчо Илијев организираше прием на делегации од општини збратимени со Кочани, со кои се негува долгогодишната соработка и пријателство. Притоа беа разменети скромни подароци – обележја на општините, по што следуваше музичко – забавна вечер во рамките на која домаќините и гостите имаа неформални разговори за повеќе теми од обостран ... Повеќе »

Титулата „Жетварска убавица“ за 2018 година ја понесе Марија Симеонова

Sequence 01.Still002

Синоќа со изборот на Жетварската убавица за 2018 година и приемот на странските делегации, започна манифестацијата Деновите на Кочанскиот ориз. Во ЦК „Бели Мугри“ во присуство на странски делегации и други странски гости продефилираа 12 кандидатки за титулата жетварска убавица, кои притоа одговараа на кратки прашања во период од 60 секунди. Во паузите помеѓу групите од по три кандидатки, публиката ... Повеќе »

ПРОГРАМА ЗА ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ 2018

denovi na kocanskiot oriz 2018 (1)

27.9.2018 г., четврток – Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани 19 ч. Избор на жетварска убавица Eat the beat & Илија Карадакоски 20:15 ч. – Ресторан Амор – Прием на официјалните делегации, гости на манифестацијата 28.9.2018 г., петок 18 ч. Турнир во баскет – Градска спортска сала 19 ч. Концерти: Ouroboros, Драган Теодосиев Квартет, Sethstat &Mirko Popov, Conquering Lion ... Повеќе »