Вести

„Младинска картичка“ – за попусти на производи и услуги за младите од 15 до 29 години

Sequence 01.Still002

Агенцијата за спорт и млади со проект воведува „Младинска картичка“, којашто ќе овозможи попусти за младите од 15 до 29 години во разни области кои се од нивен интерес и се дел од нивното секојдневие. За да им се овозможи пошироко финансиско олеснување на младите, во проектот се вклучуваат и единиците на локалната самоуправа. За таа цел Општина Кочани упатува ... Повеќе »

Промоција на најдобрата Кинеска литература за деца

ss

Денеска во просториите на Библотеката Искра се одрж` промоција на најдобрата кинеска литература за деца, чиј промотор беше Нове Цветановски од издавачката куќа “Македоника литера”. Настанот е дел од програмата за одбележување на 2 Април Меѓународниот ден на литературата за деца. Повеќе »

Забрана за движење во шума

DSC_0035 (Copy)

Поради појавата на шумски пожари, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство воведе 24-часовна забрана за движење во шума и на шумско земјиште. Забраната започна да важи од 29 март, а ќе трае сè до нејзиното отповикување. За непочитување на оваа забрана на физички лица кои ќе бидат затекнати да се движат во шума и на шумско земјиште, ќе им се ... Повеќе »

Трагедија во Кочани – внук го усмртил дедо му

Sequence 01.Still003

Шеесет и шест годишниот С. М. од Кочани, кој бил физички нападнат во неговиот дом, од неговиот внук В.З.(19), починал вчера околу 13:00 часот во Клиничката болница Штип. Како што соопшти МВР, на С.М. од страна на внукот му биле нанесени повреди со метален предмет и камен во пределот на главата. Телото на починатиот е предадено на обдукција. В.З. е приведен и задржан ... Повеќе »

„ИНТ“ МЕЃУ НАЈУСПЕШНИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕНТАРЛНА И ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

int

По добивањето на наградата „ Креатори на векот„ на престижната Манифестација за Централна и југоисточна Европа, сопственикот на „ИНТ“ Николчо Илијев со соработниците денеска организираше прес конференција на која пред медиумите ги сумираше впечатоците од настанот кој изминатиот викенд се одржа во туристичката метропола Дубровник, во Хрватска. Задоволството да се биде во друштво со европската бизнис елита е своевидна награда ... Повеќе »

Новинарот Герасимов подари дел од своите авторски изданија на училишните библиотеки

DSC_0005 (Copy)

Публицистот и новинар во пензија, Киро Герасимов, автор на 56 дела и преведувач на девет книги од словенечки и од српски на македонски јазик, денеска во присуство на градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, на директорите на основните и на средните училишта им подари по неколку примероци од повеќе свои наслови. – Во изминативе 40 години како новинар, имав можност ... Повеќе »