13.05.2019 – Две од Србија, една од Бугарија и 15 домашни претстави ќе го сочинуваат репертоарот на 56 издание на ДАФ, кој од 27 мај до 1.јуни ќе се одржи во Кочани.  Исто толку театарски групи и ансамбли годинава ќе се натпреваруваат за гран при и останатите награди на најквалитетната аматерска театарска манифестација во државата.

Од Управниот одбор на фестивалот информираат дека во предвидениот рок пристигнале вкупно 37 пријави, од кои драматургот Дарко Јан Спасов како селектор, одбрал драмски текстови кои нудат жанровска разновидност во категориите детски и вечерни претстави. Тој нагласува дека Годинава се планира одење едно ниво повисоко со внесување свежа енергија на фестивалот со намера поврзување натеатарот и придружните содржини со јавното живеење. На отворањето, надвор од конкуренција, ќе гостува една од најголемите и најнаградувани домашна претстави до сега, „Вардарски пастуви“ во изведба на скопскиот театар „Комедија“. На затворањето пак, ќе гостуваат студентите на Факултетот за драмски уметности од Белград, во класата на Мирјана Карановиќ.

На последната седница Советот на Општина Кочани донесе одлука за финансиска поддршка од буџетот на локалната сампоуправа за покривање на дел од трошоците за организација на манифестацијата, а остатокот од средствата се обезбедени од Министерството за култура и од локалниот бизнис сектор