Љубчо Ѓорѓиевски нов претседател на ОФС Кочани

На Генералното Вонредно Собрание на ОФС Кочани кое се одржа во Недела присуствуваа 19 членови од вкупно 34 делегати, тројца преставници на ФФМ, како и заинтересирани граѓани и спортски работници. Откако беше утврдено дека Собранието ги има неопходните услови полноправно да одлучува се премина на работа според точките на дневниот ред. Во редовна постапка Собранието избра Претседател, потпретседател и нов Управен одбор. За нов претседател на Собранието на ОФС Кочани едногласно беше избран Љупчо Ѓорѓиевски, за потпретседател Зоран Васевски, а беа изгласани и новите девет члена на Управниот Одбор. Материјалите од работата на Собранието им беа предадени на претставниците од ФФМ кои треба да ги верификуваат мандатите.