ЈКП „Солидарност“ доби нов Ровокопач за потребите на градежната оператива

Ќе се подобруваат градежните услуги на комуналците, а со тоа и на општината, стариот возен парк започна да се обновува.

Поголемиот дел од средствата се грант, но значаен удел има и општинскиот Буџет. Градоначалникот Димитров во очекување на уште нови возила.

Возниот парк на јавното претпријатие беше делумно обновен пред неколку години со кредит од Светска Банка со две возила за комунален отпад.