ЧЛЕНОВИ НА МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА “АВАНГАРДА” УЧЕСНИЦИ НА ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ

Изминатиот викенд учениците од СОУ „Гошо Викентиев“, членови на МО Авангарда учествуваа на Образовното рандеву , организирано од Младинската асоцијација на средни стручни училишта и се вратија со освоени награди .

Учениците се натпреваруваа во повеќе дисциплини и се вратија со освоени награди.

Ученикот Антонио Пецов го освои второто место во дисциплината пинг понг, под менторство на професорот Игор Голубов.

Второт место освоија и учениците кои се претставија со штанд, под менторство на Елизабета Минова.

Во дисциплината Интервју за работа на макеоднски јазик , Учеников Даниел Захариев го освои третото место под менторство на Јасминка Крство.

За најдобра драмска претстава учениците се претставија со пиесата Кафеана Европа под менторство на Катарија Петрова и за најдобар филм учениците се пласираа на третото место а се претставија со филмот Паралелни светови под менторство на професорката Павлина Атанасова.

Ова учество и постигнувањето на одлични резултати се од особено значење, особено за искуството кои учениците го стекнаа за време на подготовките и нивното неформално образование.