ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ЗА ПОМОШ НА СЛАВИЦА ДИМИТРОВА

Хуманитарниот концерт за помош на Славица Димитрова кој се организираше во саботата во ЦК Бели Мугри помиа успешно. Присутните хумани граѓани ги забавуваа Бојан Велевски и Никола Тодоров со стен ау комедија, а за музичкиот дел се погрижија Искра Трпевска, Виктор Постолов,Благица Арсова и Живко Колев.

Настанот го организираа група млади хуманисти кои сакаат да и помогнат на Славица да ги собере потребните финансиски средства за да замине на лекување.

Инаку хуманитарната акција продолжува со што граѓаните имаат можност да донираат на телефонските броеви, а организаторите н концертот најавуват и други активности преку кои ке и помогнат на Славица да ги собере потребните средства.