СЕ ЧЕКА ЕПИЛОГОТ ЗА У-14 ФАЈНАЛ ФОРОТ ВО КОЧАНИ

23.05.2019 – КОШАРКАРСКАТА ЈАВНОСТ ВО КОЧАНИ И МАКЕДОНИЈА Е ВО ИСЧЕКУВАЊЕ НА ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ ОД КФСМ ЗА СЛУЧАЈОТ ФАЛСИФИКУВАЊЕ ДИКУМЕНТИ НА КОШАРКАРИ НА КК „БАСКЕТ ДИНО“. СПОРТСКИТЕ ПОРТАЛИ ШПЕКУЛИРААТ СО МАКСИМАЛНИ КАЗНИ ЗА ОРГАНИЗАТОРОТ И КОШАРКАРИТЕ, НО И ОДЗЕМАЊЕ НА ТИТУЛАТА !?

Чудно и симптоматично е што и по пет дена од оспореното освојување на шампионската титула, со тешки обвинувања, нема било каква реакција или негирање од страна на КК „Баскет Дино“ на наводите од раководствата на КК „МФП“ од Струмица и КК „Работнички“ од Скопје, или пак сопствена верзија на случајот со наводно фалсификуваните документи на поедини кошаркари на кочанскиот клуб. Јавноста за „Случајот фалсификат“, како што го нарекува порталот „Баскетбол.мк“ од Фајналфорот во У-14 во Кочани, дознава од медиумите во Скопје, од каде велат дека истиот е пред разрешница, бидејќи се очекува за него официјално да се произнесе Кошаркарската федерација на Северна Македонија. Овој портал неофицијално дознава дека КФСМ ќе ги казни сторителите на нелегалните дела на завршниот турнир до 14 години, со максимални санкции. И неофицијално наведува дека ќе бидат казнети и тренерот, односно организаторот на турнирот, но и кошаркарите кои што настапиле под лажни лиценци.

Титулата најверојатно ќе му биде доделена на Работнички, како поразен финалист, што било и најголемата дилема затоа што не било егзактно прецизирано во актите.

Екипата на Дино Баскет беше организатор и победник на У-14 турнирот во Кочани, но останаа сомневањата дека настапил со играчи повозрасни од дозволеното, на што Работнички вложи жалба, а му се придружи и поразениот полуфиналист МПФ Струмица, со барање за поништување и преигрување на целиот турнир. Порталот шпекулира и со информацијата дека се појавиле и некакви финансиски неправилности, но ништо не е официјално, се додека КФСМ не објави официјални податоци.