Само еден случај на сезонски грип во Кочани

Во центарот за јавно здравје во Кочани со почетокот на Новата година има регистрирано само еден случај на сезонски грип, а со тоа состојбата во Кочани и пштините што ги опфака центарот за јавно здравје, Чешиново Облешево, Виница, Зрновци, Пехчево , Берово и Делчево е мирна.

Инаку во последните три месеци немало ниеден регистриран случај и состојбата засега е мирна, информираше директорот на Центарот за јавно здравје, Васил Пендевски.

И во изминатата 2018 година состојбата била мирна, освен во месеците февруари и март  кога имало пријавени 15 случаи на сезонски грип.

Центарот за јавно здравје редовно води контрола на состојбата во регионот, и се надеваат дека и во иднина нема да има регистрирани случаи на заболени од грип.

Ваквата состојба се должи на поголемата доза на пристигнати вакцини против сезонски грип, и заинтересираноста на пациентите која е за двапати поголема во споредба со минатата година.

Препораките како и секогаш остануваат исти, консумирање на повеќе витамини, проветрување на просториите, а доколку се почуствуваат симптоми на грип, веднаш да се посети матичниот лекар.