Реставрација и заштита на Саат Кулата кај ОУ “Раде Кратовче”

Кочани во минатото и денес е препознатлив по средновековните кули и мостовите на кочанска река. Во турско време во општината постоеле дури пет кули по две од левата и десната страна на Кочанска река и една средновековна кула во село Подлог. Од минатото останале само две кули во Кочани кои сеуште му пркосат на времето. Средновековната кула кај пазарот триесетина години е ставена во функција и ја остварува својата дејност со сместување на роднокрајниот оддел од кочанската библиотека. Незаштитена сеуште останува средновековната саат кула сместена кај училиштеѕо Раде Кратовче. Со прокет на општина Кочани во рамките на Локалниот економски развој се планира нејзина реставрација и заштита. Според програмата на Локалниот економски развоиј за наредната година е планирано да се обезбедат средства во висона од 5 милиони и 540 илјади денари,донација од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија. Проектот е веќе во процедура и се очекува негова реализациоја. Со заштитата на средновековната саат кула Кочани ке добие уште еден значаен споменик од минатото на овие простори.