Ревијален натпревар помеѓу ФК Осогово и Генерацијата која во 1996 година го освои Купот на Македонија

Успесите на спортисти поединци или клубови колку се убави кога се постигнуваат, се чини добиваат на вредност како времето заминува. Таков е впечатокот од собирот на некогашните младинци на Осогово, кои во 1996 година триумфираа во Купот на Македонија, победувајќи ја Саса од Македонска Каменица со 2 спрема 0.Токму тој голем успех на кочанскиот фудбал беше повод на 19 Август, годинава на стадионот Никола Мантов да се одигра ревијалниот натпревар на актуелниот третолигаш Осогово со Генерацијата која во 1996 година го освои престижниот пехар.