Просветни инспектори во ОУ Раде Кратовче

Од страна на тројца просветни инспектори изминатата недела е извршена контрола на работењето на наставниот кадар и хигиената во ОУ Раде Кратовче. При посетата инспекторите ги оствариле потребните контроли со што ги утврдиле недостатоците во ова основно училиште. Најголема забелешка на инспекторите е недостигот на училишна спортска сала. Од  ОУ Раде Кратовче се задоволни со првичната оценка од страна на просветните инспектори, велат дека за наредната контрола очекуваат да го задржат овој примат.