ПРИХРАНУВАЊЕ И ПОДОБРА ЗАШТИТА НА ДИВЕЧОТ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ

И покрај значително намалената бројност на дивечот во Ловниот резерват Полаки, одговорните во услови на пообилни снежни врнежи вложуваат додатни напори за прехрнување на елените, срните и дивите свињи. Ситуацијата во ловиштето будно се следи, особено во зимските месеци, при што се води сметка животните да имаат доволно зрнеста храна и сено, како и сол во солиштата.

И оваа зима во повеќе наврати беа организирани хајки на волци во ловиштето за да се спаси полезниот трофеен дивеч од овие предатори кои прават големи штети,

Инаку, во последните години е забележано значително намалување на бројот на дивеч во ловиштето, при што одредени видови како муфлонот, речиси се истребени. Поради тоа се преземаат мерки за санирање на состојбите со поквалитетна заштита. Веројатно како неопходност ќе се наметне и потребата од населување на резерватот со елени кои ќе ја подобрат крвната слика, но тоа ќе зависи од финансиските средства.