Подружница “Осогово” зачленува ловци за 3000 денари

Со копија од Диплома за положен ловечки испит, лична карта и уплатени 3000 денари, ловците од Кочани и Кочанско од крајот на минатата недела се зачленуваат кај концесионерот на ловиштата во ридско-планинскиот реон, Подружница Осогово на Македонски шуми.Првите денови се регистрирани редици за поднесување документи и уплата, бидејќи ловците брзаа да го фатат 28 Октомври за да излезат на терените.Ловот на Осоговските планини се однесува главно на дива свиња, а ловците можат да ловат во групи од по најмалку пет ловци, за што се издраваат дневни дозволи, заради подобра контрола. Инаку ловната сезона за одстрел на дива свиња и полезен дивеч во ловните терени во Кочанската котлина започна со првиот викенд во Октомври. Концесионерот на двете кочански ловишта Текстил од Скопје годишната дозвола ја наплаќа спред двојна цена од 4000 до 6000 денари, а раликата се прави врз основа на бројот на определени ловни денови во текон на сезоната.