Општина Виница гостин на Бизнис саем во Кина

Општина Делчево и Општина Виница станаа членови на Урбаната алијанса на патот на свилата пат со што се запишаа како први општини од Македонија кои се дел од оваа светска асоцијација посветена на градење платформа за поврзување на градовите во различни земји и региони.

Сертификатот и Меморандумот за разбирање и членство на Делчево и Виница беа потпишани на голема церемонија на Бизнис-самитот кој се одржа во градот Zhangjiajie во Кина.  Како градоначалник на Општина Делчево, ја имав таа чест и привилегија да бидам дел од овој Бизнис –самит на покана на Урбаната  алијанса, од каде се покриени сите патни трошоци.

Самитот се одржа  од 15 до 17 октомври, а на пленарна сесија, имав свое обраќање, како и презентација на Општина Делчево за спецификите за инвестиции во областа на туризмот и економијата.

Во оваа прилика сакам да истакнам дека ова е прв пат од постоењето, Општина Делчево да доживее промоција надвор од границите на Европа, на исток во една од најбрзорастечките  економии во светот, Кина. На Бизнис-самитот пред 173 членки од 60 земји од светот, Делчево ги промовираше своите можности за развој, туристичките и економските потенцијали, како и владините економски мерки. Овој настан е од исклучително значење за нашите релативно мали општини, Делчево и Виница, но и за нашата земја, бидејќи овие две општини станаа рамноправни и полноправни членки, застанаа рамо до рaмо со градови од  Украина, Грција, Палестина, Полска, Турција и.т.н.

Очекувам пријателствата родени на овој Бизнис-самит да донесат нови перспективи за развој на Делчево, а всушност, и прифаќањето на поканата за членување во оваа Алијанса со симболично име-Патот на свилата беше прифатено со таа цел.

Инаку, Урбанатаалијансанапатот на свилата е пријателскаасоцијацијанаградовиворазличниземји и региони. Алијансата е посветенанапромовирањеи поврзување, споделувањепридобивки, културна и трговскасоработка и пријателскиодносимеѓуградовите-членки.МисијатанаАлијансата е да се ​​воспоставиплатформазаповрзувањенаградовитеворазличниземји и региони;  да се ​​собе%D