Одржан Државниот натпревар “Млади библиотекари”

Јавната општинска установа Библиотека Искра од Кочани денеска беше домаќин на 16-тиот Државен натпревар “Млади библиотекари”, во организација на библиотекарското друштво на Македонија. На натпреварот учествуваа 23 натпреварувачи победници на општинските натпревари. Во мошне силна конкуранција првото место го освои Стефан Митиќ од ОУ Димо Хаџи Димов од Скопје, второто место му припадна на ученикот Игор Стојков од ОУ Тодор Јанве од Чашка, а третото место го освои Јованка Божиновска од Куманово