Нови директори во СОУ “Љупчо Сантов”,ООУ “Никола Карев”, и Библотека “Искра”

По неколкумесечните шпекулации во јавноста,деновиве конечно е сменет директорот на популарната Гимназија “Љупчо Сантов”,Лазар Димитриев. На негово место, за вршител на должноста директор, деновиве е назначен М-Р Доне Донев. Ова кадровско решение на локалната власт предизвика различни реакции во јавноста, особено во образовните институции, пред се поради одсуството на официјално образложение за смената. И во ООУ Никола Карев подолг период се бара решение за избор на нов директор, откако му беше скратена довербата на претходниот Владо Андов. По едно преодно решение, сега за в.д директор е назначена Веселинка Ампова. Во меѓувреме во училиштето пропадна еден распишан конкурс, а наскоро се очекува да се распиша нов. Бранот кадровски промени во локалните институции ја заплисна и Матичната библотека Искра, каде преодната функција в.д директор и е доверена на Румена Тодорова. Што ќе значат овие промени во дадената политичка ситуација, засега никој не коментира, иако од позицијата велат дека се работи за кадровски освежувања кои треба да дадат нов импулс во работењето на институциите.