Необезбедениот тротоар покрај реката кај градскиот пазар претставува потенцијална опасност за пешаците

На последната седница на Советот на општина Кочани советникот Сашко Стефановски повторно постави прашање до градоначалникот Николчо Илијев, за деформитетите на тротоарот покрај реката кои го отежнуваат движењето на пешаците, како и за несоодветната бетонска преграда која е недоволна заштита особено за децата.

Со какво решение за овој дел од кејот на Кочанска река ќе излезе општината веројатно наскоро ќе се види. Меѓутоа, стручњаците во оваа сфера се на мислење дека треба да се реагира на поширокиот потег покрај реката и во делот на градскиот пазар, со цел да се добие урбано уреден и функционален простор со патна, пешачка и друга инфраструктура.