На свечена пригода пуштено реновираното училиште во село Горни Подлог

Донацијата од Јапонската влада, вредна над 70 000 евра овозможи целосно да се реновира Подрачното училиште во Горни Подлог, кое работи во состав на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани. По тој повод денеска на пригодна свеченост, во присуство на советникот на Јапонската амбасада во Виена, Тацуро Хaјаши, на претставници на Општина Кочани и на образовните институции, со сечење лента, беше предадена во употреба зградата во која утре ќе започне новата учебна година.Во името на Општина Кочани, на донаторот му се заблагодари Секретарот на Општина Кочани Петар Апостолов,

За поддршката и донациите од Јапонската влада на Македонскиот народ и на училиштето во Горни Подлог, зборуваше советникот на Јапонската амбасада во Виена,

На свеченоста настапија членови на Фолклорниот ансамбл при ЦК Бели Мугри, кои со инструментална музичка нумера и со оро од Осоговието, ја увеличаа свеченоста.