НАЈМАСОВНАТА СПОРТСКА МАНИФЕСТАЦИЈА СО 600 УЧЕСНИЦИ

03.06.2019 – ПРОЛЕТНИОТ КРОС И ГОДИНАВА ГО НАПОЛНИ ГРАДСКИОТ СТАДИОН КАДЕ СЕ ТРЧАШЕ ЗА МЕДАЉИ, НО И ЗА ПОРАКИ ЗА ЗДРАВ ЖИВОТ. ОРГАНИЗАТОР НА КРОСОТ СОЈУЗОТ ЗА УЧИЛИШЕН СПОРТ, А ПОКРОВИТЕЛ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ

Пролетниот крос во кој учествуваа ученици од основните и средните училишта, пензионери и жени-активиствки, годинава собра над 600 тркачи на Градскиот стадион Никола Мантов во Кочани. Спортската манифестација за отворена ја прогласи градоначалникот Николчо Илијев, кој укажа на значењето на физичката култура за здравјето и за правилниот развој на младите генерации

Годинава во рамките на Пролетниот крос беше организирана Трка за поддршка на женското здравје во која учествуваа активистки триесетина. Иницијативата која потекна од Општина Кочани беше прифатена од поединци, институции и граѓански организации. а поддршката дојде и од Здружението „Борка“ каде членуваат жени кои поминале низ тешки фази борејќи се со болестите.Тие и другите поддржувачи на здравјето, симболично трчаа во знак на поддршка на физичката активност, во оптимистичкатарозова боја на маичките.

На деветтиот Пролетен крос победи масовноста, бидејќи стотици деца трчаа на пропишаните патеки со желба да стигнат први на целта. Организаторот на кросот беше Сојузот на училишни спортови – Кочани, а под покровителство на градоначалникот Николчо Илијев. На победниците им беа доделени признанија и медаљи.