КОМЕДИИТЕ ОБЕЛЕЖЈЕ НА ЧЕТВРТИОТ И ПЕТИОТ ФЕСТИВАЛСКИ ДЕН

31.05.2019 – Вечерниот термин на четвртиот ден од ДАФ донесе три извонредни претстави кои и приредија вистинско театарско уживање на публиката во салата на ЦК Бели Мугри. Први настапија аматерите на Летечката театарска група од Тетово со претставата „Живкова слава“, работена според текстот на Стеван Сремац „Ивкова Слава“. Бројната актерска екипа во еден здив ја одигра оваа комедија, која во целост им се допадна на посетителите.

Публиката уживаше и во Втората комедија, насловена Импров група настап, која се одигра во паркот пред ЦК Бели Мугри

Во 22 часот синоќа настапија аматерите при СУГС Гимназија „Ј.Б. Тито“од Скопје со претставата „Кула Вавилонска“ од Горан Стефановски, а во режија на Ангелина Миливојевиќ и Ведран Чешарек, кои на свој специфичен начин го донесоа овој омилен текст на театарската публика.

Покрај дневната програма, во вечерните термини следуваат уште две комедии, Српската „Дали је то била шева“ и демирхисарската „Умри машки“, кои сами по себе се покана и предизвик да се проследат.