КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА НОВА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ЗА ВОДА

14.07.2018 -Во селото Трсино, Општина Виница, беше поставен камен темелник на нова пречистителна станица од која со питка вода ќе се снабдуваат жителите на ова и на неколку околни села. Жителите на ова планински село имаат доволни количини на вода од постоечкиот резервоар, меѓутоа истата најчесто беше бактериолошки неисправна, па населението мораше со квалитетна вода да се снабдува од други природни извори. Со реализацијата на овој за Трсино капитален проект, трајно ќе се реши проблемот со водоснабдувањето за над 600 жители, кои конечно водата од селскиот водовод ќе можат да ја користат за пиење.

-Му доаѓа крајот на еден од најголемите проблеми на жителите на Трсино, бидејќи на почетокот на наредната година во своите домови ќе имаат пречистена, квалитетна вода за пиење. Изградбата на филтер станицата ќе го овозможи тоа, истакна градоначалникот Ивица Димитров.

И претседателот на МЗ во Трсино е задоволен што ќе се реализира ваков крупен проект, кој ќе придонесе жителите да останат овде, а оние што се на привремена работа во странство да инвестираат во семејни куќи, бидејќи со решавањето на ова прашање трсанчани ги имаат сите услови за квалитетен живот

-Ние сме им благодарни на сите што придонесоа Трсино да ја добие оваа капитална инвестиција, посебно на градоначалникот на Општина Виница, кој се заложи истата приоритетно да се реализира. Колку е значајно за жителите да имаат квалитетна вода за пиење, не треба да се зборува, бидејќи таа во голема мера ќе им го олесни животот на овдешните жители.

Филтер станицата ја гради фирмата Жикол, а средствата во висона од над 10.милиони денари ги обезбедува.