ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД РОДОТ, НО НЕ И ОД ОТКУПОТ

При неодамнешната посета на селото Новоселани, општина Чешиново-Облешево, во кое живеат педесетина жители, екипата на Телевизија Кочани наиде на двајца земјоделци кои се подготвуваа за на поле. Иако нивните ниви се на периферијата од најплодното Кочанско Поле, сепак велат дека се задоволни од просечните приноси кај оризот, но не и од откупот.

Во изминатите години пробале да произведуваат од турските сорти семенски материјал, меѓутоа се вратиле на Италијанските затоа што имаат подобра цена на пазарот

Инаку, за оние кои не биле тука, од општинскиот центар Облешево до Новоселани се стигнува преку Чешиново, Соколарци и Жиганци. Поради руинираност на асфлатниот пат, сега општината врши проширување на истиот и поставување нова асфалтен слој, со што значително ќе се подобри комуникацијата до ова село, како и до Лепопелци.