Започна Саемот на медот во Кочани

Од денеска во градскиот парк започнаа Деновите на медот кои ке траат за време на викендот односно до недела. На повеќе штандови изложени се мед и разновидни пчелни производи кои се нудат по според производителите прифатливи цени за граѓаните. Со оглед на тешката година околу приносите на мед, пчеларите оваа година медот го продаваа по 400 денари.

Покрај ливадскиот и планинскиот на деновите на медот беше изложени и органски мед кој изто така се продаваше по цена од 400 денари. За приносите годинава пчеларите со различни изјави.

На изложбата на мед и пчелни производи, покрај медот пчеларите имаа изложено и мед со бадеми, таан мед како и природни креми за лице, изгореници и други производи кои ги произведуваат од пчелните семејства.