Започна новата учебна година во Општина Кочани

Учениците денеска се враќаат во училиштните клупи. Речиси 4 500 ученици во основните и средните училишта во Кочани ја започнаа новата учебна година. Едни продолжија во повисоко одделение или клас, додека другите за првпат се запознаа со училишната институција. Првачињата ги исполнија дворовите и салите на основните училишта, кои им приредија пригодни програми за пречек. Првиот прием на првооделенците се одржа во ОУ “Св. Кирил и Методиј“. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот Димитровски, кој на сите ученици им посака успешна учебна година.

ОУ Св. Кирил и Методиј годинава брои 128 првачиња, заедно со двете подрачни училишта во селата Горни Подлог и Бели.

Подготовки на училишната зграда пред самиот почеток на учебната година беа направени и во ОУ „Раде Кратовче“, каде утрово беа примени 61 прваче.vИ во ОУ Малина Попиванова , првоодделениците заедно со родителите се запознаа со просториите на училиштето, кое во наредните 9 години за нив ќе претставува втор дом.

Директорите на училиштата и градоначлниокот Димитровски, на првачњиата, а воедно и на сите ученици им посакаа среќна и успешна учебна 2016/2017.Спoред последните пoдaтoци од Министерството за образование и наука,  во Републиак Македонија оваа учебна година се зaпишaни 21.250  првaчињa, нo oвoј брoј не е кoнечен зaштo уписите вo првo oдделение трaaт и вo текoт нa септември