Заврши Aqva Summer Festival, Кочанчани задоволни од понуденото

Повеќе од 58 часа траеше Aqva Summer Festival во Кочани. Викендот што помина, во Аква Центарот за прв пат се случуваше фестивал од ваков вид. Многу диџеи, и домашни и странски, со своите сетови поминаа на подиумот и ја забавуваа публиката. Она што можеше да се забележи е дека имаше посетители од целата држава и од сите генерации. Програмата која организаторите на фестивалот ја подготвија ги задоволуваше сите вкусови на музика, и на три дена повторно ја оживеа забавата во Кочани. Фестивалот беше отворен во петокот во 20 часот со сетот на Диџеј Иван, а во доцните ноќни часови публиката ја забавуваше дуото Банг Ла Декс и германскиот диџеј Том Крафт, за кого тоа беше прв настап во Кочани.

Во Саботата добрата атмосфера започна на пладне, а присутните најмногу уживаа во Пена забавата и забавата со боја. За музичкиот дел, покрај останатите диџеи беше задолжен Диџеј Шорти, односно Панчо од македонското дуо ДНК, кој смета дека фестивали од ваков калибар треба почесто да се случуваат, не само во Кочани, туку во цела држава. Во ноќните часови со својот сет настапи и шпанскиот диџеј Кико Наваро, а фестивалот беше затворен во неделата со кочанската група Шајн. Кога впечатоците ќе се средат, Кочанчани се едногласни дека АQVA Summer Festivalot

треба да прерасне во традиција, но останува на оганизаторите да и следната година се погрижат за уште една добра тридневна забава.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на “Телевизија Кочани” повлекува фактурирање на име „Авторски права“.