Заврши првото коло од Илинденските спортски игри, Утре започнува второто

Учесниците на Фудбалскиот турнир на Илинденските спортски игри во првото коло по групи, пракажаа интересен и неизвесен фудбал, постигнувајќи во просек по четири гола по натпревар. Највисока победа извојува екипата на Теранци која му ја наполни мрежата на Малеш, постигнувајќи 8 гола. Единствено дуелот помеѓу Караорман и Спанчево заврши без голови. Во првото коло се постигнати следните резултати: Во Првата група:Бање го победи Ново Село со 3:1, а Карбинци – Кучичино  со 4:1.

Во Втората групаЧифлик ја совлада Пишица со 3:1, а Тариници загуби од Грдовци со 0:2.

Во Третата групаТеранци го декласира новиот третолигаш Малеш со 8:0, а Караорман и Спанчево  одиграа без голови, 0:0.

Во Четвртата групаЖиганци загуби од Крупиште со 0:2, како и Чешиново од Соколарци со 2:3.

Второто коло започнува на 12 јули, а играат екипите од првата група. Во 17:00  Карбинци против Бање, а во 19:00  Кучичино – Ново Село