Заврши Павловденскиот турнир во ракомет

Ракометниот клуб “Торо спорт“ со два златни пехари на првиот Павловденски турнир на кој учествуваа екипи од Куманово, Прилеп, Македонска Каменица и Кавадарци. Прво место во машка конкуренција освои генерацијата 2000/01, а најдобар играч беше прогласен Димитар Михајлов, најдобар голман Матеј Костов. Во женска конкуренција победи екипата на “Торо спорт“ од генерацијата 2003/04 при што тука за најиграч беше прогласена Антонија Јовановска, а за најголман – Јулита Постолова. Од генерацијата 2002/03 првите места во машка и женска конкуренција ги освои екипата на РК “Макаловски“ од Прилеп , а тука најдобри играчи беа Евгенија Цаневска и Сашко Манчевски, а за голмани на генерацијата беа прогласени Адриан Костадиновскии Ивона Ристевска.
Во најмладата конкуренција, најдобра беше екипата на “Астра спорт“, а најдобар голман Мартин Димитриевски, додека најдобар играч – Јован Даневски.
За играч на Павловденскиот турнир беше прогласен Димитар Михајлов од РК “Торо Спорт“. .