ДЕНЕСКА СЕ ОДБЕЛЕЖУВА “ЃУРЃОВДЕН”

Светата Православна црква денеска го празнува христијанскиот празник Ѓурговден, ден на црковниот храм Свети великомаченик Ѓорги. Утрово , митрополитот Брегалнички Иларион чиноначалствуваше во утреба златоустова литургија на која зборуваше за неговото житие.

Големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец меѓу народот познат како Ѓурѓовден спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум. Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар. Ѓурѓовден е најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и другото население, што од друга страна зборува за фактот дека во неговата основа лежи некој голем претхрстијански празник во чест на пролетта, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто.