ДЕБЕЛАТА СНЕЖНА ПОКРИВКА ПРЕДИЗВИКА ОТЕЖНАТО ОДВИВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ВО ГРАДОТ И РЕГИОНОТ

Малку повеќе снег и големи проблеми во речиси сите сегменти на функционирањето на градот. Таков е впечатокот од борбата со снежните врнежи која денеска се одвиваше во градот и пошироко. Возилата забавено се движеа по градските сообраќајници и кон селата, пешаците со тешкотија се движеа по тротоарите и мермерните плочници во трговскиот. Дури и тезгаџиите и пазарџиите се откажаа од дневниот пазар, па пазариштето остана празно.

Од Македонија пат информираат дека во текот на денот е интервенирано на сите патни правци …

Полициската станица информита за проодност на сите сообраќајници и на координирано дејствување со сите служби во општината заради поголем ефикасност во справувањето со снегот. Единствено неколку најоддалечени маала на Осоговските планини до кои се стигнува по земјени патиште сообрачајно се одсечени, но по потреба и таму ќе се интервенира. Инаку, во рамките на општината вчера е регистрирана една сообраќајна несреќа со телесни повреди и со материјална штета.