ГФК Осогово го пречекува Работник од Лозово, Слога 1934 во Пехчево против Кит Го

Синоќа во Кочани секретарот на третата лига Исток одржа состанок сп комесарите за безбедност на клубовите и преставници на МВР. При што се разговараше за безбедносните мерки кои треба да бидат применети околу организацијата на натпреварите и прописите кои треба да бидат регулирани на средбите. На првиот состанок се надоврза вториот со претавници на клубовите кои ќе партиципираат во Третата  лига Исток, при што беа извлечени броевите според кои се формирани двојките за првото и наредните кола, според Бергеровиот систем. Ждребот беше делумно диригиран, затоа што т ри екипи сеуште ја немаат уплатено котизацијата, па им беа одредени броевите 8,9 и 10. ГФК Осогово во првото коло пред своја публика ја пречекува екипата на Работник од Лозово. Слога 1934 ќе стартува во Пехчево, каде на мегдан на новиот третолигаш Кит Го, А Малеш сезоната ја отвора во Берово, против Бирлик. Дерби натпреварите се играат во Делчево, каде Брегалница Голак ја пречекува Беласица и во Пробиштип каде Рудар ќе ги одмере силите против Плачковица Радовиш.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на Телевизија Кочани повлекува фактурирање на име „Авторски права“