ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИВИЦА ДИМИТРОВ ЈА ПРИМИ РЕКОРДЕРКАТА ВО МАРАТОН АДРИЈАНА ПОП АРСОВА

По извонредните успеси кои лани и годинава ги нанижа новата државна рекордерка во маратон, Адријана Поп Арсова, денеска градоначалникот Ивица Димитров организираше прием за неа во својот кабинет, на кој разговараа за нејзината кратка но успешна спортска кариера, како и за плановите. Попарсова која е прва маратонка што ја истрча патеката под до сега недостижните 30 минути, потекнува од виничкото село Липец, а студира и со атлетика се занимава во Скопје. Интересно е што во атлетските, односно маратонските води е од лани, а импресивно е што за кусо време трипати го уриваше државниот рекорд,Иако македонските маратонци се далеку од нормите за светско првенство или Олимпијада, сепак таа е оптимист дека со соодветни тренинзи може да стигне до нивно исполнување и да биде учесник на најголемите атлетски натпреварувања на планетата,Иако релативно во доцни години започнала да го трча маратонот, природниот талент и кондиција и фактот дека маратонците најдобрите резултати ги постигнуваат по 30-та година во животот, нејзините соништа за нови големи остварувања се остварливи. Но на тој пат и е потребна поддршка од сите фактори во државата