ВРНЕЖИТЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ ЗА ПОСЕВИТЕ И ПРОЛЕТНАТА СЕИДБА

Врнежите, кои според метеоролозите ќе продолжат и во наредните денови, конечно ја прекинаа долготрајната суша и донесоа значително подобра хидролошка ситуација во регионот. Засега како порачани се таканаречените морски врнежи, кои се карактеризират со умерен дожд кој идеално ја навлажнува почвата. Токму неопходната влажност ќе им спасоносно влијание врз есенските и пролетните посеви и ќе овозможи оптимални услови за поникнување и вегетација на културите кои се во ек на засејување.

На дождот најмногу му се израдуваа оризопроизводителите, бидејќи влагата во почвата ќе овозможи побрзо полнење на нивите со вода од реките и акумулациите за позабрзано спроведување на сеидбената кампања. Тоа воедно ќе значи и целосно исполнување на сеидбениот план според кој пролетва во кочанскиот регион ќе се посеат околу 4.500 хектари под ориз. Дотолку повеќе што во Водостопанство Брегалница деновиве се планираше зафаќање на протечните води заради наводнување и пуштање на акумулираната вода во Калиманци по десниот и левиот магистрален канал.

Водостопанствениците посакуваат да се остварат прогнозите на синоптичарите за воден талог од 20 до 30 литри на метар квадратен, што ќе значи зголемување на водотеците и полнење на акумулациите. Во таква ситуација ќе се овозможи успешен старт на наводнителната и производствената сезона од која земјоделците очекуваат многу.